Апсење во Гази Баба среде бел ден: Уапсен 18-годишник со дрога

 

18-годишник вчера среде бел ден бил уапсен во Гази Баба за поседување дрога. 

- На 18.04.2024 во 14.10 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.А.(18) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана, соопштија од полицијата. 

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.