37-годишник загина откако врз него паднало дрво

Вчера во Ургентен центар Куманово било донесено починато лице.

- На 18.06.2023 во 14.05 часот во СВР Куманово било пријавено дека во Ургентен центар Куманово бил донесен починат Х.З.(37) од село Гошинце, општина Липково и едно повредено лице В.М.(26) од село Лопате, кумановско, соопшти МВР.

Како што информира МВР, по преземени мерки, извршениот разговор со повреденото лице и извршениот увид било констатирано дека при сеча на дрво во село Гошинце, врз нив паднало дрво при што В.М. се здобил со повреди, додека Х.З. починал.

По наредба од јавен обвинител врз телото на починатиот ќе се врши обдукција.