25-годишник заедно со таткото ја истепал својата мајка

Вчер,а околу 18.20 часот, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода 62-годишниот Ќ. Ј. и 25-годишниот Д. Ј. од гостиварско село, кои биле пријавени од 57-годишната сопруга и мајка дека физички ја нападнале, извести СВР Тетово.

Тие се задржани во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот, ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.