19-годишна девојка нападнала полицаец

Девојка нападнала полицаец кој се обидел да интервенира во тепачка меѓу неа и друго лице. 

На 18.04.2021 околу 15.05 часот во Полициската станица Аеродром биле приведени А.М.(20) и В.А.(19), двајцата од Скопје, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка на бул.„Јане Сандански“ и притоа немале документи за идентификација.

Потоа В.А. физички нападнала полициски службеник кој вршел службени дејства. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.