Зоолошката градина ќе одржи предновогодишен дводневен фестивал за деца

Во Зоолошка градина Скопје ќе се одржи предновогодишен дводневен фестивал за деца, а истата ќе биде украсена во духот на новогодишните празници. 


НОВОГОДИШНА ЗОО БАЈКА е настанот кој на 22 и 23 декември, од 12:00-16:00 ќе ни понуди интересна интерактивна програма за деца, но и за возрасни. 

ПРОГРАМА:

12:00- 13:30 Проекција на анимиран филм на големо кино платно (Едукативен центар).

Сабота: FROZEN ( Снежното кралство), филмот на режисерите Крис Бак и Џенифер Ли го доби признанието за најдобар филм во својата категорија според членовите на Американската академија за филмски уметности. Авторите на филмот добија два Оскари, во престижната номинација Најдобар анимиран филм и за најдобра филмска песна/композиција за Let It Go , која беше испеана дури на 50 јазици. Frozen е инспириран од позната бајка на Ханс Кристијан Андерсен- Снежната кралица

Недела: ZOOTOPIA ( Зоотропола), Малечко и слатко, но борбено зајче, има огромна желба да стане полицаец и да се бори против неправдата. Патот кон успехот е поплочен со завера, која зајчето ќе се обиде да ја реши со лисицата-измамник.
13:30-15:00 Дружење и фотографирање со Дизни Јунаците ОЛАФ, МИКИ И МИНИ МАУС, облечени во своите специјални зимско-новогодишни костими. 

Популарните анимирани ликови ќе делат подароци- НОВОГОДИШНО ПАКЕТЧЕ ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ. 

15:00- 16:00 Детска театарска претстава „Новогодишно чудо“.

"НОВОГОДИШНО ЧУДО" е интерактивна театарска претстава, за деца и возрасни, во која изобилува волшебство, илуминација на бои, многу музика, забава и смеа. Претставата раскажува една хумана приказна за добрината, другарството и пожртвуваноста. За време на новогодишната прослава се случуваат чуда. Особено кога нашите желби се искрени и хумани. Бидете дел од ова наше магично шоу.

Влезниците за Новогодишната Зоо Бајка ќе чинат 150 денари и за деца и за возрасни ( секое детенце со влезницата добива подарок пакетче и фотографирање со омилените Дизни ликови).