Мицковска за отруените коњи во ЗОО: Ова можеби е одмазда на бивши вработени кон нас кои ги сакаме животните

Тина Мицковска, познатата вљубеничка во животните и активистка за заштита на нивните права, инаку вработена во скопската Зоолошка градина, видно револтирана од случајот со угинатите коњи во градината. 

- Сортните коњи во скопската Зоолошка се отруени со брзоделувачки отров, соопштија вчера надлежните. 

- Да скапаат во затвор монструмите!  Малце е и тоа за вакви болни умови... - напиша Мицковска на својот фејсбук профил како реакција на оваа трагедија. 

- Ние што сме таму за животните и претрпевме се, нема да не спречат со вакви умоболни и монструозни чинови да продолжиме со борбата... Имам прекрасни колеги, кои животот го дале и оставиле таму... Ветувам дека ќе го/ја/ги фатиме кои се психопатите... Никогаш веќе да не се повтори... Што би рекол колегата Војо и пред Бога и пред судот ќе одговараат... Ете сега и јавноста виде со што се соочуваме... - додава таа. 

- За да се отрујат коњите на таков начин, не е возможно посетител или некој обичен вработен да го направи тоа (вработени кои би изгинале попрво за животните). Ова е мое лично мислење, а имаме бивши вработени со медицински познавања и пристап до отрови, па не би ме чудело ова да е одмазда кон сите нас што ги сакаме животните, на сметка на тие што земале плата, а мразеле животни... Верувам истрагата ќе покаже се и ќе се докаже кој стои зад ова монструозно дело, вели Мицковска. 

- Треба тие луѓе веќе никогаш да немаат пристап до животни, а богами и до луѓе... Опасни се! - видно револтирана вели Мицковска.