Живи фатени како ограбуваат куќа во Штип

Уапсени две лица од страна на полицајци при СВР Штип откако биле начекани како вршат кражба од куќа во Штип. Сите предмети им се одземени и вратени на сопственикот.

„На 31.03.2024 во Штип, полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода А.А.(45) и Ш.Н.(23), двајцата од Штип. Тие биле затекнати при извршување „тешка кражба“ во куќа на ул.„Иво Лола Рибар“ во Штип од каде се обиделе да одземат повеќе предмети. Лицата биле задржани во полициска станица, а предметите биле вратени на сопственикот. По целосно комплетирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“.