Утре жителите на населбата Даме Груев во Ѓорче Петров ќе организираат протест на улицата Лука Геров кај раскрсницата до основното училиште Страшо Пинџур. Причината за организирање на протестот е бришењето на името на населбата од сите институции и документи.
Во соопштението кое денес беше испратено до медиумите се вели дека станува збор за сложен проблем кој им создава доста проблеми и не ја прикажува вистинската слика за местото на кое тие живеат.
Тие додаваат дека со овој протест ќе побараат општината Ѓорче Петров да одговори на нивните писмени барања и во координација со другите институции да најде решение на овој проблем.
Протестот почнува во 11 часот.