Земјотрес почувствуван во еден македонски град

Телеметриската сеизмолошка мрежа во Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 24.02.2024 година во 11 часот и 00 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 119 километри југозападно од Скопје, во соседна Албанија, со Рихтерова локална магнитуда ML3.1.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во југозападниот дел од Македонија, во Струга и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.