Зелен Хуман Град го пофали градоначалникот на Гази Баба: Вака се однесува политичар во нормална земја

„Зелен хуман град“ со пофалби за идејата на градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски за поставување на куќички за бездомни животни

Имено, викендов во оваа скопска општина беа поставени куќички за бездомни кучиња на повеќе локации.

-Вака се однесува политичар во нормална земја. Спречува ескалација на омраза со разумен став и гест со јасна порака: животниот простор го делиме со други суштества кои имаат право на живот и слобода, а се на улиците не по своја вина. Реториката на функционерите има големо влијание врз свеста кај оние кои ги следат и ги поддржуваат. Одговорноста е огромна и секој збор и секоја постапка мора да бидат одмерувани зашто некогаш може да значат разлика меѓу живот или смрт, велат од ЗХГза постапката на Стефковски.