Здравствени причини: Можно ли е Арсовска наскоро да поднесе оставка?

Оставка поради здравствени причини на почетокот на 2023 година. Неофицијално, Арсовска размислува за предвремено завршување на градоначалничкиот мандат. Но, дали во прашање е нарушеното здравје или нарушените политики односи, ќе покаже времето.  

Доколку се случи ова Министерството за локална самоуправа треба да ја информира Владата за престанок на мандатот која пак има обврска во рок од 30 дена има обврска да иницира распишување на нови избори.

Арсовска вечерва гостуваше во емисијата „Само интервју“ каде рече дека конкретно, лично и директно добивала закани од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Сум имала закани од Христијан Мицкоски и тоа конкретно, лично и директно со зборовите „доколку не го направиш ова, ќе ти се случи тоа и тоа“. „Во првиот момент кога ќе станам премиер ќе те влечеме по улици, ќе го бришеме подот со тебе“. Верувам дека не жена, ниту еден човек не треба да биде ставен под таков притисок. На оној што ги искажува овие закани не треба да му се дозволи ниту еден момент да биде во функција, во која што ќе може да ги исполни овие закани, посочи вчера Арсовска во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

По завршувањето на интервјуто со реакција во јавноста се огласи и опозициската ВМРО-ДПМНЕ од каде потенцираа дека се загрижени за психофизичката состојба во која се наоѓа градоначалничката Арсовска. 

„Сметаме дека постојат основани сомнежи, кои се манифестираат во континуитет неколку месеци наназад, за здравствената способност таа да ги извршува надлежностите што ѝ се доверени“, се вели во нивното соопштение.