Шилегов: Арсовска да поднесе оставка, во мај да имаме локални избори за Скопје

На избори за нов градоначалник на Скопје во мај и оставка на Данела Арсовка повика ексградоначалникот Петре Шилегов на социјалните мрежи.

Шилегов вели дека Скопје се наоѓа во процес на целосна девастација.

„Почитувана Арсовска, заминете си. Поднесете оставка. Доблесно е да си признаете дека сте тотално неспособна и некадарна да го водите градот. А едноставно Ви се случи. Непланирано. (Без визија и план што би работеле. Со сите мои и наши (партиски, политички и граѓански) грешки кои придонесоа за тоа).“, вели Шилегов.

Тој додава дека во мај секако имаме парламентарни избори и предлага заедно со нив да се одржат и локалните избори за Скопје. 

„Во мај секако имаме избори во Македонија. Нека се избори и во Скопје. Заради малку достоинство што секој од нас треба да го има. И заради Градот (не толку убав во задње време) во кој што сите живееме“, пишува Шилегов на фејсбук.

Поранешниот градоналник на крајот потенцира дека нема камера повторно да влезе во трката за градоначалник на Скопје.