Заврши надзорот на кучињата кои искасаа дете до смрт во Пинтија

Малолетник на осумгодишна возраст од скопската населба Пинтија почина по напад од кучиња од расата „Булмастиф“.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) за „Макфакс“ велат дека двете кучиња немале беснило, а го поминале и тестот за социјализација.

АХВ ги презема на контрола пред два месеци и притоа во тој период три пати кучињата биле испитувани за болеста беснило.

-Чекаме насоки од Обвинителството, бидејќи тие го водат предметот, за тоа што ќе се случи со кучињата во иднина, велат од АХВ за „Макфакс“.