Засилените контроли на Инспекторатот на град Скопје вродуваат со плод - пронајдени и казнети повеќе сторители

Засилените контроли на Инспекторатот на град Скопје вродуваат со плод. Пронајдени и казнети повеќе сторители.

Со фотографии и куса објава на ФБ страницата на Инспекторат на Град Скопје, службата информира дека се фатени на местото на настанот несовесни граѓани кои со автомобили и камиони непрописно одложуваат градежен смет, кабли и разен отпасд на старата депонија Вардариште, од каде често доаѓа загадувањето за целиот град.