Полицијата вечерва ги „ренда“ возачите во Чаир

Министерството за внатрешни работи вечерва спроведува засилени сообраќајни контроли на територијата на општината Чаир. Според информации до кои дојде Скопје Инфо полициски службеници се поставени на неколку локации и контролираат преркшоци кои се предвидени со Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, но и контрола на заштитна опрема, односно користење на маски. 

Инаку Министерстството за внатрешни работи во изминатиот период активно спроведува контроли на улиците во главниот град . На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 272 санкции, меѓу кои 63 прекршоци за пречекорување на дозволената брзина на движење.

Од МВР денеска соопштија дека во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот изречени се 15 мерки за технички неисправни возила, 20 за возење без возачка дозвола и мерки за двајца мотоциклисти.

– Изречени се 87 мерки за непрописно паркирање, 79 возила се подигнати со „пајак“, а изречени се 22 казни за неносење на заштитна маска, се наведува во соопштението.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, потенцираат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.