Засилени инспекции во градинките на државно ниво, не само во Скопје

Министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири, денеска изјави дека ќе се извршат засилени инспекции во градинките на државно ниво, не само во Скопје. Целта на овие инспекции е да се откријат нецелосно или делумно вакцинирани деца против пертусис, позната и како голема или магарешка кашлица

„Мислам дека веќе пред две недели го организиравме ова. Оваа е трета недела како сум министер за здравство. Имајте го тоа предвид. Откако дојдов, веднаш пристапив кон тоа. Не само на територија на Скопје, каде што е прогласена епидемија, туку на државно ниво ќе има засилени инспекциски прегледи и ќе барам по секој начин да се вакцинираат оние, кои се невакцинирани. Да и во останатите градови ќе се враќаат од градинка, децата кои не се вакцинирани. Има потпишано таква наредба, одговори тој на новинарско прашање дали се задоцнети мерките, вонредните инспекциски надзори на ДСЗИ во градинките, да не се примаат деца делмно или целосно невакцинирани“ рече Демири

Демири потсети дека веќе имал претходни јавни изјави дека од градинките треба да се вратат оние деца кои не се вакцинирани. Тој притоа апелираше за зголемување на свесноста и значењето на вакцинацијата.

Со оглед дека од денеска,  ДСЗИ ќе издава решение за забрана на деца во градинките, на прашањето колку решенија се издадени досега, Демири одговори дека нема податок