Заев со демант до Ахмети: Никогаш не сум бил на тајни средби со Груевски

Не е точно дека сум имал тајни средби со Никола Груевки и Али Ахмети за кривичниот законик, истакна за ТВ 24 екс премиерот Зоран Заев, кој ова го потенцираше како одговор наменет за Али Ахмети, кој истакна дека на тајни средби се договарале измените на КЗ.

- Не е вистина информацијата на Ахмети, никогаш не сум имал тајни средби со Груевски, истакна Заев. 

Измените во кривичниот законик предизвикаа лавина на реакции во јавноста, имајќи предвид дека истите им нудат олеснување и „простување“ на делата за кои се „гонат“ некогашните функционери.