За време на родителски состанок: Родител на ученичка ѝ се заканувал на професорката

50-годишна професорка пријави дека добила закани од страна на родител за време на родителски состанок.

-На 13.06.2023 во 20.15 часот во Полициската станица Центар, Т.П.(50) од Скопје, наставник во средно училиште на подрачје на Центар, пријавила дека за време на родителски состанок, З.Х.од Скопје, родител на ученичка, агресивно се однесувал и ѝ упатувал закани, информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.