За колку пари внукот на Ахмети го купи „Соравија“?

Дрин Ахмети, внукот на политичарот Али Ахмети, денеска на прес-конференција кажа дека сам не го купува деовниот центар „Соравија“ во центарот на Скопје, туку тоа ќе го направи заедно со албанскиот бизнисмен Владимир Пјетерѓокај.

- Подготовките ги почнавме уште во април 2022, кога испративме писмо со намера да добиеме пристпа до финансиската состојба на „Соравија“. Така дознавме дека компанијата има долг од 20 милиони евра кон банките, кој не може да го врати. Со Пјетерѓокај видовме голема можност и потоа се сретнавме со Хано Соравија во Винеа во октомври 2022 година за да му го претставиме нашиот план. На Соравија му се допадна предлогот и посака да остане акционер, кажа Дрин Ахмети.

Ахмети кажа дека преговорите ги воделе од октомври до 26 мај годинава, кога бил потпишан договорот.

- Се согласивме да го преземеме цел долг од 20 милиони евра. Тоа е нашата приказна за финансирањето. Нашата цел е да ја промениме иднината на „Соравија“, вели Ахмети.