Дрин Ахмети се повлекува од фирмата која ја купи „Соравија“, на негово место влегува компанија која поседува стриптиз барови во Тексас

Дрин Ахмети, популарниот внук на Али Ахмети во соопштение извести дека се повлекува од фирмата „Тхор индустрис“ со која ја купи „Соравија“. Тој исто така објави дека неговата компанија ќе бид преземена од „Texas American International Holdings Inc“ и на тој начин ќе се почнело со ново поглавје за „Thor Industries LLC“

Она што е интересното во целата оваа работа е што „КОД“ на Телма пред 10 дена објави дека во јули лани, Ник Назар Мехмеди основал фирма со влог од 3 милиони евра и со седиште на истата адреса како „Тхор“. Ник Мехмеди е сопственик на стриптиз барови во Далас, Тексас, а скопската фирма му се вика „Американ инвестментс“ и е регистрирана за консултантски услуги.

Код објави дека Ник Назар Мехмеди бил во придружба на Дрин Ахмети при средби со претставници на албанската дијаспора во Њујорк.

Во обвинителството водат две предистраги за Тор и Дрин Ахмети, едната е за Соравиа и купувањето на овој деловен центар која е проширена и во која има и други проверки за имот и за финансиски трансакции. Втората е во скопското обвинителство и се однесува на 749 парчиња пиротехника и огномети кои еден ден пред Нова Година беа најдени во гепекот на автомобилот на Дрин Ахмети.