За една недела ПОЦ санкционираше 204 возила на територијата на Општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје минатата недела санкционираа 204 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

113 непрописно паркирани возила отстранети со помош на специјалните возила „Пајак“ додека 91 возило било затекнато во резидентни зони и се санкционирани со поставување на механичко средство „Блокатор“.

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар се вели во нивното соопштение.