Врховниот Суд им го одзема работничкиот дом на ССМ

На денешната вондредна пресконференција претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов соопшти дека Врховниот суд со одлука со која се поништуваат сите досега донесени одлуки им го одзема објектот од ССМ.

На оваа пресконференција Трендафилов кажа дека овој објект им припаѓа на работниците кои од своите плати во вредност од тогашни 433 милиони динари или сегашни 8 милиони долари го изградиле тој објект. Но врховниот суд со нивната одлука која се заоснова на тоа дека во тој систем синдикатите не можеле да поседуваат имот им го одзема овој објект.

- “Работниот дом го преживеа катастрофалниот земјотрес од 1963 година и ќе го преживее потресот од Врховниот суд, а дали Врховниот суд ќе го преживее гневот на работниците, ќе видиме“, рече Трендафилов.

Трендафилов рече дека ќе сторат се да не се одземе објектот на ССМ и дека ќе побараат оставка од претседателот на Врховниот суд, а од Советот на судии, кој броел пет члена, доколку донел ваква одлука, ќе биде повикан на одговорност.