Вработен во казино нападнат со тврд предмет

Вчера со тврд предмет бил нападнат вработен во казино.

- На 29.08.2023 во СВР Скопје било пријавено дека околу 21.20 часот во казино на бул.„Јане Сандански“, едно лице со тврд предмет го нападнало вработениот и одзело пари од дневниот промет, соопшти МВР.

Увид на местото бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.