Возеле автомобили со регистарски таблички од други возила, полицијата ги уапсила

Вчера полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и Граничен надзор Богородица го уапсиле Н.К.(20) од велешко. Имено при рутинска контрола на автопатот кон с.Прдејци сопреле “пежо 407“ со велешки регистарски таблички со кое управувал Н.К.. Веднаш било констатирано дека на возилото се користат регистарски таблички од патничко возило „форд фиеста.

Дргугиот ист ваков случај е во Тетово каде полицски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Рогачево го сопреле Е.Ф.(61) од с. Радуша, скопско. Полицајците му побарале документи на Е.Ф. кои тој не ги поседувал за возилото кое го управувал а притоа било констатирано дека на истото возило се поставени регистарски таблички од друго возило.

По целосното документирање на настаните против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави велат од МВР.