Вонредна седница на Скопскиот плански регион за справување со проблемот со сметот

Денеска во просториите на Општина Аеродорм се одржа вонредна седница на Скопскиот плански регион, на која градоначалниците од поширокиот скопски регион зборуваа за предизвиците повзани со отпадот.

Градоначалниците од речиси сите општини, без разлика на политичка или етничка припадност, упатија заеднички апел за разумност до градските служби и итно справување со сметот на територијата на градот и околните општини, велат надлежните. 

Како што истакнаа на состанокот, во моментот во Скопје постои сериозен здравствен ризик, за што е потребно итно да почне со нормално функционирање јавното претпријатие „Комунална Хигиена“, кое до сега е жртва на несериозност, неработење и политички игри од страна на градските власти, порачаа од општина Аеродром. 

Градоначалникот Тимчо Муцунски, во изјава за медиумите повика на разумност и истакна дека е недозволиво општините Штип, Велес и други градови во Македонија да го собираат сметот во главниот град.