Грда слика на најурбаната скопска општина

Овие фотографии од една од најурбаните скопски општини се навистина лош пример.

-Лоши слики од околината на трговскиот центар „Бисер“ каде што се забележани хартии, остатоци од храна, шишиња, лименки и друг отпад, кои наместо во поставените канти, несовесни граѓани во текот на ноќта ги расфрлале наоколу со што ја загадиле животната средина и ја нагрдиле сликата за Аеродром, соопштија од локалната самоуправа на Аеродром. 

 Општина Аеродром остро реагира на ваквото однесување и упатува апел до граѓаните да се грижат за јавните површини и местата на кои секојдневно се движат.

-Нашите комунални служби се постојано на терен и ја одржуваат чистотата на највисоко можно ниво, но потребна е поголема свест од страна на секој еден од нас и заедно да се потрудиме да ја чуваме средината во која живеме и работиме, велат од општината.