Водовод Скопје: Скопјани пијат квалитетна и безбедна вода

ЈП Водовод и канализации објавува дека во периодот од 15.02 до 19.02.2020, анализите покажале дека водата преку водоснабдувањето во Скопје е исправна и безбедна за пиење. 

Секторот за санитарна контрола во периодот од 15.02.2021 до 19.02.2021 зема 186 примероци за физичко-хемиска и 186 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 42 мерни места во град Скопје.

Со овие лабораториски анализи кои работат според стандардот ИСО17025:2018, покажано е дека Скопје и понатаму има чиста и безбедна вода за пиење, а добиените резултати исто така покажуваат и дека сите земени примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.