"Во сообраќајна несреќа со камиони кои носат увозен јаглен за фирма на белорускиот конзул загина човек", вели Николоски.

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, во објава на социјалните мрежи обвини за корупција во ЕЛЕМ и РЕК Битола од страна на СДС и ДУИ. 

Според него, тендери се издаваат секојдневно на фирмата на белорускиот конзул а камиони полни со увозен јаглен секојдневно поминуваат низ Новаци, при што еден човек загинал во сообраќајна несреќа помеѓу еден таков камион и трактор, и дошло до протести на жителите на Новаци.

Жителите на Новаци организираат протести против ова, а нов протест е закажан за утре. Николоски ветува дека новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе се справи со криминалот.