Во Скопје 176 санкции за сообраќајни прекршоци

На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 176 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 18 санкции, 16 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, 14 мерки за непрописно престројување на возила.

Изречени се 14 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз, три мерки за користење мобилен телефон…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.