Во општина Карпош бесплатни ужинки и излет за учениците

Учениците од прво до четврто одделение од училиштата во општина Карпош ќе добијат бесплатни ужинки, а учениците од прво до седмо одделение ќе имаат бесплатен излет во новата учебна година.

Ваква одлука била донесена на седницата на Советот на општината.

Покрај ова, одлучено било и талентираните спортисти и ученици да бидат стипендирани, а дипломираните студенти да имаат курс по деловен англиски јазик.

На седницата бил прифатен и предлогот за доделување финансиска помош за настраданите во општините во кои беше прогласена кризна состојба.