Голема еколошка акција на скопска Црна Гора

По повод одбележувањето на 20-годишнината од членството на Република Словенија во Европската Унија, во духот на „Зелена Словенија“ градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, денеска се приклучи на еко акцијата за расчистување на отпадот во околината на село Љубанци, во близина на манастирот Св. Никола.

- Заедно со Амбасадата на Република Словенија, друштвото на словенечки и македонски стопанственици ја организиравме оваа еколошка акција. Оваа иницијатива е значајна и преку оваа Еко акција сакаме да ја подигнеме свеста за важноста на зачувување на природата и заедничката грижа за почиста животна средина, следејќи го примерот на Република Словенија, порача Костовски и додаде:

- Овој предел на Скопска Црна Гора е се поголема атракција за граѓаните на Скопје. Апелирам да ја зачуваме оваа природна убавина и да уживаме што повеќе во зеленилото.