Во општина Арачиново се плаќа данок, има раст на наплата од 422 %

Денес во Скопје, во хотел Холидеј Ин во организација на УСАИД се одржа презентација на соработката со повеќе партнер општини, а градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибраими ги презентираше податоците за 2023 година во делот на собрани даноци.

Општина Арачиново од вкупно 2675 регистрирани домаќинства успеала да инкасира над 6 милиони денари по основ на локални даноци, што во споредба со 2022 е 422 % раст.

- “Арачиново не е веќе ,,црна овца” туку денес добиваме пофалби и веќе се мериме со многу по големи Општини и финансиски по јаки од нас, но нашето домаќинско работење денес ги бележи првите позитивни резултати, благодарение на помошта и соработката со многубројни меѓународни организации а посебно со УСАИД која во секој момент покажува спремност да ни помогне“рече градоначалникот на општина Арачиново Ридван Ибраими

Од општината посочуваат дека откако е дојден новиот градоначалник Ибраими работите се сменети драстично и има успеси во сите сфери кои ги потврдуваат сите релеватни меѓународни организации