Без струја денеска ќе останат корисници во општина Аеродром и село Арачиново

Денеска, без електрична енергија ќе останат улици во општините Аеродром и Арачиново, извести „ЕВН Македонија“.

Како што соопштија од таму, во периодот од 9 до 12 часот струја ќе немаат дел од корисниците од улиците 12. македонска бригада и Мите Богоевски во општина Аеродром.

Во периодот од 20 до 21.30 часот корисниците од село Арачиново ќе бидат без електрична енергија, информира „ЕВН Македонија“.