„Во јогуртот малку вода - Во шампонот исто малку вода (не истата шо си ја турил во јогуртот)“ - Божо со совети до Бујар

Досетливи и иронични коментари и реакции на социјалните мрежи кон министерот Бујар Османи. Ја „предизвика“ јавноста со својата изјава дека „ако не земе плата, мора да се задолжи“! 

Инфлуенсерот Божидар Божиновски-Божо, во свој стил, објави поента на темава! Ова е неговиот фејсбук став: 

Мала помош за Бyjap, да преживее некако:

- Кечапот во фрижидерот превртен, стој на глава (кечапот, не ти)

- Во јогуртот малку вода

- Во шампонот исто малку вода (не истата шо си ја турил во јогуртот)

- Место уклучено греење, облечи уште едно фанелче

- Леб три дена е добар за јадење, треба само да се клај во рерна, да крцка

- Рерната се пушта после 22, на евтина

- Електричниот тротинет и мобилен се полнат на работа

Нема потреба од мерсу.