„Да донираме за Бујар до плата“ - Го „подбраа“ на платформата „X“ за неговата изјава

Бурни реакции на платформата „X“ откако Бујар Османи во подкастот на „Плусинфо“ говореше за финансиката состојба и за тоа колку му е важна платата што ја добива.

- Пријателите се смеат кога им кажувам дека ако еден месец не добијам плата јас ќе треба да се задолжам.Тие ми велат нема шанси, толку години функционер, но ви кажувам најискрено дека ако еден месец да не ми стигне плата јас ќе мора да се задолжам за да преживеам, изјави тој, а видеото може да го погледнете на следниов линк

А, ова се досетливите коментари на македонските граѓани: 

- Ја имаме изјавата на годината, а е само 27.02. Човекот има над 125.000 денари плата и ако не ја земел, морал да се задолжи за да преживее!!!!!! Министер. Ќе раскажува приказни за Европа додека за истата шијат жени во години со 6 пати помала плата од неговата кои немаат каде да се задолжат. Немаат службени шофери, картици и можност фудбалче да играат во канцеларии. Не можат да позајмат кола од комшијата, како Артан Груби, за да не влегуваат во есктра арч со толку мали плати. И имаат храна во владина менза (која ние ја плаќаме за да е толку ефтина), со цени од типот 150 денари за бифтек - додека обичен народ „влезница“ во месара плаќа толку пари, без конзумација. Контакт со реалноста да се немало. Срам да се немало. Сиротиња! Дајте дупло плата нека земат, заслужена им е, ваков експеримент од држава ко Македонија мислам дека во светов немат.

Човекот зама около 4000 денари дневно со тие пари стварно е тешко да се живее тие пари се за месечна пензија, а не за еден ден. Колку што знам зема плата и од клиника.