Денеска, поради уличен дефект од Ф - 150 мм на бул. Кузман Јосифовски Питу бб - кај ТЦ Скопјанка, во населба Аеродром, без вода ќе останат корисниците од бул. Кузман Јосифовски Питу од бр.17 до трафиката пред ТЦ.Скопјанка, како и корисниците од улиците Бојмија и 23 - ти Октомври.
Според наведеното во известувањето добиено од ЈП Водовод и Канализација,прекинот ќе започне од 09.00 часот, а ќе трае се до завршување на работните активности.