Вирално видео снимено пред 30-тина година: Дали „ќотекот“ е добар начин за воспитување?

Видео од анкета на ученици од поранешна Југославија, снимено во осумдесетите години на минатиот век во едно белградско училиште утрово вирално се споделува на социјалните мрежи.

Коментарите се во насока дека денеска децата се навистина разгалени, а за секој еден проблем и родителите и стручните служби превземаат низа современи методи за решение на проблемите, додека во минатото голем дел од проблемите се решавале со „ќутек“.

На темава со поширок стручен став се јави психологот Давид Тасевски. 

- Денес петочки, почнуваме со видео од 1981 година, во кое мали деца споделуваат искуства од дома, за начините на кои се тепани. Па имате свашта, од каиш, до редовно кршење дрвени лажици. И го имаме пак македонскиот народ, кој вика дека така луѓе станале, и секако се вергла и познатата и омилена: ќотекот е излезен од рајот, вели тој во својата објава. 

- Децата во видеото сметаат дека заслужиле да им бидат кршени лажици од нив, па водителката дури прашува едно дете, дали сака да биде тепано? Кој мајндфак за ова дете. Правење штета на нивоа, со можност за пресликување во релации со врсници, партнер, деца, колеги на работа.. И после ги имате истите тие македонски патриоти, као згрозени на случаи на бизарни убиства во семејни домови. Епа како очекувате дека тоа дете што смета дека е исправно да биде млатено по неколку пати на ден, да се изолира од овие пораки кога ќе стане возрасен? - праша Тасевски.

- Јас одбивам да прифатам дека луѓето можат да бидат до толку глупави за да не можат да поврзат причина со последица. Да не може да разберат дека тоа што се децата насмеани на видето, не значи дека се среќни, туку едноставно им веруваат на своите родители повеќе отколку на себе, што е очекувано на тие години. Со ваква ментална склопка кај мнозинството од народот, изгледа џабе се сите кампањи за семејно насилство и булинг, на кои народот очигледно само кога е премногу брутално, одбира да изреагира социјално прифатливо и да одглуми потресеност, заклучува тој во однос на видеото и реакциите по повод истото.