„Вилмоодјављаније!!!“- обвинитетите во случајот „27-ми април“ наздравија по разрешувањето на Русковска

Советот на јавни обвинители на вчерашната седница едногласно ја разреши поранешната шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) Вилма Русковска од функцијата јавен обвинител. Ова беше причина дел од обвинетите за случајот „27-ми април“ да наздрават за оваа одлука.

Богдан Илиевски, Владо Јовановски, Игор Дурловски и Борис Дамовски, објавија фотографија на која наздравуваат за разрешувањето на Русковска. Сите четворица беа обвинети за настаните што се случија во собранието.

„Празник!!! Вилмоодјављаније!!! ЗАМНОГОДИНИ ЗА НЕА ФШУТКА!“, напиша Богдан Илиевска под фотографијата.

Претседателката на Советот на ЈО Душица Димитриеска, по седницата во изјава за медиумите, рече дека разрешувањето на Русковска е поради сторена тешка дисциплинска повреда, а дејствијата кои ги презела ќе бидат детално опишани во писмено изработената одлука, што ќе биде јавно објавена.

- Писмено изработената одлука ќе биде објавена на веб страната на Советот на ЈО и ќе може подетално да се запознаете со истата, изјави Димитриеска.