Видео: Ученикот кој пукаше во наставникот имал 15 години

Полицијата го уапси ученикот кој пукаше во наставник утрово во Босна и Херцеговина, а станува збор за 15-годишниот Г.М. кој поради лошо поведение бил преместен во друго училиште.

Ученикот пристигнал со оружје во училиштето и го барал Н.О. во кој потоа испукал неколку куршуми.

Застреланото лице е префрлен во Клиничкиот центар во Тузла, каде што докторите се борат за неговиот живот, а полицијата во меѓувреме го привела ученикот.