Видео: Страшно невреме во Србија, загина 12-годишник

12-годишно дете вчера загина пред зграда во невремето што го зафати Нови Сад.

Сè уште не е познато дали го удрило струја или гром, пронајдено е покрај инсталациите.

Силното невреме кое го зафати Нови Сад предизвика  огромни штети низ градот. Однесен  е и дел од покрив на зграда во центарот на градот.

Едно дрво исто така целосно уништило трафика, а припадници на Одделението за вонредни состојби на Србија успеаа да спасат жена која се наоѓала во неа.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by 192.RS (@192_rs)