Видео: Несовесен граѓанин вози со автомобил по кеј како да е на булевар

На фејсбук групата „Ѕид на сообраќајниот срам“ во текот на вчерашниот ден беше објавено видео на кое може да се забележи дека несовесен граѓанин вози по кеј со неговиот автомобил.

Граѓаните се револтирани поради овој потег на возачот и бараат од Министерството за внатрешни работи (МВР) да преземе соодветни мерки и да го казни возачот.