Видео: Врзал контејнер и го влечел по улица, полицијата трага по возачот

Минатиот викенд во Куманово, возач на автомобил влечел контејнер по улица и така ја загрозил безбедноста на другите учесници во сообраќајот.

Инцидентот се случил во саботата на булеварот „Трета македонска ударна бригада“. Возачот врзал еден контејнер за својот автомобил и почнал да вози низ улиците.

Засега не се познати мотивите за овој настан, но случајот е пријавен во полиција и таа трага по возачот.