Видео: Маскирани крадци влегуваат во куќа во Црниче, граѓаните бараат помош од јавноста и полицијата

Граѓаните кои живеат во скопската населба Црниче бараат помош бидејќи крадци се обидуваат да им провалат по домовите.

Иако имаат безбедносни камери, крадците без страв влегуваат во нивните дворови. За вчерашниот случај се објавени и снимки.

На видеото кое е објавено на социјалните мрежи се гледа како две лица со маски на лицето и ракавици се прикрадуваат во дворот.

Доаѓаат до вратата, ѕвонат, но никој не им отвора. Додека едниот ја проверува околината, другиот се спрема да упадне. Се обидува неколкупати да ја прескокне терасата. Последниот пат, излегува лице од куќата, по што тие панично заминуваат.

Жителите на овој дел од градот бараат помош од полицијата, но и од градоначалникот Орце Георгиевски за решавање на проблемот.