Видео: Малата Ангела ја победи болеста - уште една хероина заѕвони на ѕвончето на Детска клиника

Нека грми сè од смеа и ѕвончето нека се слушне до крајот на светот, сестрата на Дамјан здрава си оди дома. Ете така вчера Ангела си замина од Клиниката за детски болести, објавија од „САНО“, здружението за помош на деца со малигни заболувања.

Ангела вчера си замина дома, а во целиот процес имала голема поддршка од нејзиниот брат Дамјан, кој заедно со неа заѕвони на ѕвончето.

Завршувањето на лекувањето на децата се одбележува со ѕвонење на ѕвонче и аплауз од персоналот на Детска клиника.