Видео: Констракта го најави својот настап во Македонија

Ана Ѓуриќ-Констракта летово доаѓа на „Д Фестивал“ во Дојран. 

Таа во своето најново интервју за „JingleTV“ откри за својот домашен миленик, кучето Роки кое е дел од популарниот спот за евровизиската песна „In Corpore Sano“.

Ана за прв пат во опуштено издание дава телевизиско интервју, прво на кое го најави својот голем концерт на еден од најпопуларните и најреномирани летни фестивали во земјава „Д Фестивал“, каде ќе настапи на главната сцена во Дојран.

Инаку фестивалот ќе се одржи од 1-3 јули.