Феноменот Констракта и понатаму причина за нервозата на Аца Лукас

Феноменот Констракта и понатаму останува „трендинг“ тема во речиси цела Европа, што воопшто не му се допаѓа на српскиот фолкер Аца Лукас. 

Тој веќе неколку недели тврди дека му биле украдени гласови, што кулминира со тужба и против РТС, но и против членовите на жирито, кои според Лукас, тргувале со внимание. Ќе ја тужи и Неда Украден, претседателката на жирито, која всушност единствена не ѝ даде глас на Констракта. 

Во меѓувреме пак, Констракта ја освојува европската публика и добива поголемо внимание од кога и да било. Веќе важи за фаворит на многу евровизиски критичари, а многумина сметаат дека без проблем би можела да победи во мај во Торино, со песната „In Corpore Sano“.