Видео кое стана хит: Јавно „Фала“ кон премиерот за платата од 18.000 денари

Видео изјавата од вработен во фабриката „Текстил Солушн“, Полико Авдиу стана вирален хит на социјалните мрежи откако тој се заблагодари јавно на премиерот Димитар Ковачевски за растот на минималната плата. 

Тој е шивач во компанијата, а истакна дека претходно 18 години работел во Германија. Пред осум години се вработил во „Текстил Солушн“ каде, како што кажа, наишол на исти услови како во Германија.

-Ги гледам младите викаат одиме во Германија ама и животот таму не е како што мислиме ние. Јас сум задоволен тука. Минималната плата од 18 илјади мислам дека не е многу, ама за еден скромен живот ќе помогне. Мислам дека и понатаму ќе растат платите ако работиме повеќе. Фала премиере,  рече Авдиу.