Ветер со над 60 километри на час викендов, од вечерва пристигнува влажен бран

Времето денеска сончево и релативно топло со мала до умерена облачност која попладне ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20 степени.

Во Скопје сончево, претпладне со мала, а од пладневните часови зголемена облачност и со слаб ветер претежно од југоисточен правец.  За време на викендот ќе дува засилен ветер од јужен правец најизразен долж Повардарието и во источните делови (над 60 км/час).

Преку ноќта кон недела во западните делови ќе има појава на повремен дожд, а потоа под влијание на влажен бран вцрнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјата. Повремено пообилни врнежи ќе има преку ноќта и во понеделник (над 20 л/м2) и ќе бидат проследени со услови за појава на ретки грмежи.

Во вторник врнежите ќе престануваат а дневните температури ќе продолжат постепено да опаѓаат.