Ветер со над 60 километи на час денеска, на планините снег

Променливо облачно со локален слаб дожд денеска, а на планините и на некои од повисоките места со врнежи од слаб снег.

Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 4 до 13 степени.

Во Скопје променливо облачно, претпладне со врнежи од слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Во недела ќе се задржи променливо облачно и постудено. На планините и на некои од повисоките места со врнежи од слаб снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 60 km/h). Од понеделник ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури.