Велешанец со „форд“ прегази струмичанец во Скопје

47-годишен маж вчера бил прегазен од возило на една скопска улица. 

- На 22.04.2024 во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Димитрија Чуповски“ во Скопје патничко возило „форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.А.(40) од сeло Лозово, велешко, удрило во пешакот И.С.(47) од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје, информираа од МВР во дневнито билтен. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.